×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вкупно 75% од новозаразените  и 79% од хоспитализираните од ковид-19  се невакцинирани

    15.10.2021 12:05 | KumanovoNews

    Во период од 06.08 до 14.10.2021 година, на територија на државата 40.208 граѓанин се позитивни на ковид-19. Од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица, а голем е бројот на невакцинирани граѓани, кои се заразиле со ковид-19, објави Министерството за здравство.

    Вкупно 75% од новозаразените  и 79% од хоспитализираните од ковид-19  се невакцинирани

    Според статистика за изминативе два месеци, 30.142, граѓани, односно 74,9% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%,  додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. 

    „Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1382 пациенти со ковид-19, 1149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, соопштија од министерството.

    Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација и апелира граѓаните да се вакцинираат, како единствен начин да се дојде до колективен имунитет и да се спречи  ширењето на мутации на СарсКов2.