×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата донесе нов сет мерки за поддршка на граѓаните и закрепнување на економијата, кажа Христина Трајковска од СДСМ

    10.03.2021 14:39 | KumanovoNews

     Владата предводена од СДСМ заедно со коaлициските партнери работи посветено се со цел да се обезбедат дополнителни финасиски средства за дa се ублажи ударот кон најпогодените групи на граѓани од пандемијата. За таа цел е донесен и новиот сет економски мерки кои наскоро ќе стапат во сила, кажа Христина Трајковска, член на извршниот одбор на СДСМ Куманово.

    Владата донесе нов сет мерки за поддршка на граѓаните и закрепнување на економијата, кажа Христина Трајковска од СДСМ

    „Мерките вклучени во петтиот пакет ќе го заокружат процесот на директна поддршка, со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од економската криза предизвикана од пандемијата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително ќе се стимулира. Со кредити со ниски каматни стапки и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП од вториот квартал на 2021 година. Петтиот сет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони се директни буџетски трошења“, додаде Трајковска.

    Мерките се распределени во 4 главни столбови: директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани. Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници. Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки и поддршка за граѓаните.