×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата го продолжи рокот за аплицирање за субвенции на земјоделците, кажа Арсиќ

    28.05.2021 14:04 | KumanovoNews

     Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На седницата одржана пред неколку дена Владата го прифати барањето, кажа Саша Арсиќ, советник во Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.

    Владата го продолжи рокот за аплицирање за субвенции на земјоделците, кажа Арсиќ

    Рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31- ви мај ќе биде продолжен до крајот на јуни, заклучно со 30.06.2021. Може да се аплицира и електронски на www.ipardpa.gov.mk или во подрачните единици на МЗШВ.

    „Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели. Владата се грижи за земјоделците и подготвуваме нови мерки и законски решенија со кои ќе се олеснат постапките за аплицирање на сите кои се заинтересирани да се занимаваат со земјоделие, кажа Саша Арсиќ“,  додаде Арсиќ.