×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата го продолжи рокот за замрзнување на цените на лебот, зејтинот, млекото, јајцата ...

    25.04.2023 19:31 | Сузана Николиќ

    Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април  до 30 јуни 2023 година.

    Владата го продолжи рокот за замрзнување на цените на лебот, зејтинот, млекото, јајцата ...

    Со новата одлука, утврдената највисока трговска маржа се продолжува за: леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало и

    За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

    „Имајќи во предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, којашто треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените сѐ уште не се стабилизирани, според Образложението од предлагачот, Министерството за економија, има потреба од продолжување на примената на вака утврдените највиски трговски маржии во следните два месеца од оваа година, односно до 30 јуни 2023 година“, соопштува Владата.