×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето на „Никола Тесла“, кажа Арсиќ

    12.06.2023 12:25 | Сузана Николиќ

    На ул. „Никола Тесла“ се гради нова водоводна мрежа, во должина од 2 км, финансирана од Владата. Оваа водоводна мрежа е потреба за граѓаните од оваа улица, но исто така и за населените места од Долно Којнаре.

    Владата го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето на „Никола Тесла“, кажа Арсиќ

    „Износот е 300.000 евра, средства кои ги обезбеди Владата преку Министерство за транспорт и врски. Овој проект е од големо значење за граѓаните од оваа улица, бидејќи азбестните цевки кои се штетни, се заменуваат со PVC водоводна инсталација. И покрај еколошкото значење, главно значење е тоа што старата водоводна мрежа имаше постојани дефекти и улицата често беше поплавена, а граѓаните беа без вода“, кажа претседателот на општинската организавија на СДСМ, Александар Арсиќ, при посетата на местото каде што се изведуваат градежните работи.

     Тој најави два нови проекти, кои ќе се изведуваат во понатамошниот период, исто финансирани преку Министерство за транспорт и врски. 

    „Тоа е улицата 300 од населба Ајдучка чешма, чиј проект е во фаза на тендерска постапка и изградба на нов пат Новосељане- Косматац - Мургаш. Продолжуваме заедно со граѓаните, рамо до рамо, заеднички за подобро утре“, кажа Арсиќ.