×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата инвестира во инфраструктурата во образованието - се реновираат училишта се градат спортски сали, кажа Тушевски

    07.09.2022 19:03 | Сузана Николиќ

    Реконструкција на државното училиште „Киро Бурназ“ и Гимназијата „Гоце Делчев“, изградба на спортски сали во училиштата „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“, нова училишна зграда на „Сами Фрашери“ и реконструкција на кровот на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, се само дел од проектите во кои Владата предводена од СДСМ инвестираше во изминатите неколку години, или ќе ги реализира во наредниот период со цел да ги подобри условите за образование на младите во Куманово, кажа претседателот на општинската организација на СДСМ Александар Тушевски, на денешната прес-конференција пред училиштето „Киро Бурназ“.

    Владата инвестира во инфраструктурата во образованието - се реновираат училишта се градат спортски сали, кажа Тушевски

    „Вложувањето во младината на нашата држава е нешто со кое Владата предводена од СДСМ може да се гордее. Пример за тоа се многуте проекти од областа на образованието, кое е основен услов за подобра иднина на нашите млади. Се наоѓаме пред средното училиште „Киро Бурназ“, кое веќе 3 години е државно училиште и во кое во тек е комплетна реконструкција во вредност од 3 милиони евра за инфраструктурно уредување и современа опрема. Целосно е реконструиран ученичкиот дом, воспоставен е нов систем за греење низ целото училиште, нови тоалети, енергетско ефикасна фасада, кров и целосно нова водоводна и електрична мрежа, се со цел младите во нашиот град да имаат подобри услови за образование и усовршување. Владата предводена од СДСМ вложи во многу други училишни објекти во Куманово. Со средства одобрени од Владата, младите во Куманово добиja нова енергетско ефикасна фасада во Гимназијата „Гоце Делчев“, нова спортска сала во средните училишта „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“, а со последната одлука на Владата Куманово ќе добие целосно ново училиште „Сами Фрашери“ и реконструкција на кровот на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“. Вложувањето во младите и подобрувањето на условите за нивно образование се мотив повеќе да ги задржиме младите во нашата држава и да им овозможиме подобра иднина“, изјави Тушевски.