×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата издвои 1,2 милијарди денари за рурален развој во земјоделството

    29.01.2021 21:56 | KumanovoNews

    Владата предводен од СДСМ ја усвои програмата за рурален развој на 2021 година во вкупен износ од 1.196.817.000 денaри, обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, изјави советникот од СДСМ Саша Арсиќ на денешната прес-конфенција.

    Владата издвои 1,2 милијарди денари за рурален развој во земјоделството

    Тој ги повика земјоделците да ги следат јавните повици кои ги објавувава Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во текот на годината да аплицираат за проектите со што ќе можат да остварат право на користење на средствата од програмата за рурален развој.

    „Планирани се повеќе мерки меѓу кои би ги издвоиле, поддршката за поттикнување на земјоделско производство во висина од 20.000 евра неповратни средства, поддршка на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност во висина од 10.000 евра, поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство во висина од 3.000 евра. Потоа ќе ги издвојам средствата за набавка на: комбајни за жетва со сецкалки за слама, механизација, за системи за наводнување, набавка на пчелични матици и ројеви, набавка на добиток и подигнување на нови насади“, - додаде Арсиќ.