×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ќе обезбеди пари за изградба на гимназијата „Сами Фрашери“ и за поправка на покривот на „Крсте“ и „Браќа“

    30.08.2022 18:19 | Сузана Николиќ

    Владата ќе обезбеди околу 120 милиони денари за изградба на училишен објект на гиманзијата „Сами Фрашери“  и околу 15 милиони денари за реконструкција на крвот на училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“во Куманово.

    Владата ќе обезбеди пари за изградба на гимназијата „Сами Фрашери“ и за поправка на покривот на  „Крсте“ и „Браќа“

    „Планирана е изградба на целосно ново училиште кое ќе се изгради за најмногу три години отсега и ќе чини околу 120 милиони денари. На иницијатива на Министерството за образование и наука(МОН) денеска Владата донесе одлука да се отпочнат активности за изградба на целосно нов објект за СОУ „Сами Фрашери“ во Куманово, затоа што учениците со години посетуваат настава во адаптирани простории на ЗИК Куманово, кои воопшто не ги исполнуваат стандардите за реализација на образовната дејност во средно образование. Објектот нема ниту двор, така што учениците излегуваат директно на улица“, соопштува МОН. 

    Во овој објект, настава посетуваат и дел од учениците на ОСТУ „Наце Буѓони“. 

    „Владината одлука предвидува средства во износ од 48 милиони денари во буџетот на МОН за 2023 година и дополнителни 70 милиони денари во 2024. Објектот ќе биде изграден на земјиште во сопственост на Република Македонија, лоцирано во поранешната кумановска касарна. Општина Куманово ја завршува процедурата за изработка на архитектонско урбанистички проект, а по одобрување на истиот ќе започне со изработка на основен проект за изградба на нов училишен објект. МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор за изградба и надзор над градежните активности. Со тоа ќе се реши деценискиот проблем поради кој дел од младите во Куманово немаа квалитетна настава во училници какви што и заслужуваат“, соопштуваат од МОН.

    Дополнително, за општина Куманово со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН годинава се обезбедуваат и околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира крвот на објектот во кој се лоцирани основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата. Постапката за избор на изведувач на градежните активности ќе започне следниот месец.