×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ќе дава субвенции до 25.000 денари за гасификација на домаќинствата во Куманово

    20.04.2023 14:04 | Сузана Николиќ

    Домаќинствата во Куманово и Струмица, кои сакаат да се приклучат на гасоводната мрежа можат да аплицираат за субвенции во Министерството за економија, преку програмата за поттикнување на сигурноста во снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година.

    Владата ќе дава субвенции до 25.000 денари за гасификација на домаќинствата во Куманово

    Средствата од оваа програма во вкупен износ од 10 милиони денари ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за изработка на проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или изведба на приклучок на системот за дистрибуција на природен гас на домаќинствата до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2023 година во Струмица и Куманово.

    „Право на учество на овој јавен оглас имаат домаќинствата кои имаат изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или имаат извршено приклучување на соодветниот систем за дистрибуција на природен гас во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година. Главна цел на оваа мерка е обезбедување на квалитетни, оптимални услови за живење од аспект на квалитетно загревање на домаќинствата со добивање на топлинска енергија од систем кој користи енергенс кој е поекономичен, еколошки чист(во однос на мазутот, јагленот и огревното дрво) и заштедува финансиски средства, односно ги намалува трошоците во однос на постојниот начин на загревање со електрична енергија и систем кој е оддржлив на долг рок, подигање на еколошките стандарди, подигање на еколошката свест во Македонија, како и намалување на PM10 честичките и СО2 во атмосферата и поголема заштита на животна средина. Покрај за домаќинствата, програмата индиректно ќе помогне и во надминување на проблемите и задржување на ликвидноста на компаниите од гасниот сектор кои беа најмногу погодени од тековната светска енергетската криза“, соопшти министерот Крешник Бектеши.

     Владата ќе надоместува и дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година вкупно предвидени 25.000 денaри и ќе опфати околу 1.200 домаќинства

     Субвенции ќе има и за дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2023 година вкупно предвидени 15.000 денари и ќе опфати околу 1000 домаќинства.

    Надоместување на дел од трошоците ќе има и за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење за 2023 година вкупно предвидени 30.000.000 денари и ќе опфати околу 370 домаќинства.