×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата на СДСМ со повеќе мерки го подобри студентскиот стандард, кажа Коцевска

    07.12.2022 13:21 | Сузана Николиќ

    Близу 800 милиони евра од државниот буџет за помош на различни категории на граѓани, издвои Владата
    предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Владините мерки не ги заобиколија ниту младите, категорија која во минатото, намерно или случајно беше заобиколена, кажа Драгана Коцевска од СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.

    Владата на СДСМ со повеќе мерки го подобри студентскиот стандард, кажа Коцевска

    „И оваа учебна година продолжи исплатата на субвенционираниот студентски оброк, мерка која до пред некоја година воопшто и не постоеше. Во следните неколку денови, на сметките на студентите ќе легнат финансиските средства за месеците септември, октомври, ноември и декември. Во тековната 2022 година продолжи редовната исплата на стипендиите за студентите од државните и приватните факултети, кои во следната година ќе бидат покачени“, додаде Коцевска. 

     Таа истакна дека со подобрувањето на студентскиот стандард се создавааат достоинствени услови во студентските домови, кои ги затекнала во катастрофалните услови во 2017 година. 

    „Во меѓувреме, студентскиот дом „Гоце Делчев“ е целосно реновиран, а во тек е реновирањето на „Кузман Јосифоски“. Следната 2023 година нов лик ќе добијат и студентските домови „Пелагонија“ и „Стив Наумов“. Со цел да им помогне на младите околу наоѓањето пракса или работа после завршување на нивното школување, воведена е младинската гаранција. Истовремено, исклучително е важна поддршката која Владата им ја дава на младите луѓе кои се занимаваат со земјоделство. За таа цел, висината на неповратните средства за млад земјоделец до 29 години, зголемена е од 10.000 на 20.000 евра“, заврши Коцевска.