×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата на СДСМ вложи над 120 милиони евра во Куманово и околината, кажа Ковачевски

    01.12.2022 12:20 | Оливера Пешевска

    Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, синоќа во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, пред членовите и и коалиционите партнери дадe отчет за сработеното во изминатите 10 месеци, и ги најави плановите и развојните стратегии за идната 2023 година.

    Владата на СДСМ вложи над 120 милиони евра во Куманово и околината, кажа Ковачевски

    На своите сограѓани им вети дека резултатите на новите политики ќе се почуствуваат и во Куманово.

     „Не може сите фабрики да бидат во Скопје. Оние кои ќе инвестираат во помалку развиените региони во државата, како североисточниот, добиваат 60 проценти поголема помош од државата во однос на тоа што би добиле за инвестирање во Скопје. И затоа Лидл ќе прават најголем логистичко-дистибутивен центар вреден 80 милиони евра тука во Куманово“ истакна Димитар Ковачевски.

    Тој кажа дека Владата на СДСМ има вложено над 120 милиони евра, обновени се над 85 километри локални и регионални патишта, Куманово- Свети Николе, Куманово - Никуштак, Куманово - Белановце, Куманово - Крива Паланка, регионалниот пат од село Војник до Страцин и Страцин-Крива Паланка до граничен премин Деве Баир. Оживеан е и Коридорот 8 експресен пат до Бугарија и железничката пруга кон соседите.

    „Направивме три училишни спортски сали, ги заменивме водомерите во Куманово, го градиме рекреативниот центар Студена вода, нови детски градинки, училишта, „Соколона“, Младински културен центар, спортска сала, котлана во Болницата. Владата оваа година донесе одлука за финансиска поддршка за нов објект за средното училиште Сами Фрашери и Наце Буѓони. На вчерашната владина седница донесовме одлука за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“. И нема да застанеме, ќе продолжиме да инвестираме, порача Ковачевски во Куманово.

    По мислење на премиерот кумановци се паметни луѓе и градот бил и ќе биде социјалдемократски.

    „Но, и јас и вие знаеме дека во Куманово советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери се на власт. Директорот на Куманово Гас е од ВМРО-ДПМНЕ, директор на ЈП Куманово План исто така. Тука се добро закамуфлирани, како што беа и во Скопје. Ама пукна бруката во Скопје, ќе пукне и во Куманово. Помина една година од мандат, за три години Куманово ќе има градоначалник од СДСМ “, кажа премиерот.

    Тој истакна дека политиката што ја спроведува ги брани интересите на народот и на државата и ќе продолжи со развојните политики во проектираниот буџет за 2023 година.

    „Храброст е да засукаш ракави и обезбедиш струја, вода, енергија во време на криза. Да обезбедиш најголем пакет антикризни мерки во регионот, да се донесе буџет со нова економска визија за економска пресвртница. Храброст е да се обезбеди македонскиот идентитет еднаш засекогаш“, заврши Ковачевски пред своите сограѓани.

    На трибината во Куманово приствуваше највисокото партиско раководство на СДСМ.