Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионалниот пат Куманово - Свети Николе, за првпат по неколку децении се реконструира мостот на реката Пчиња или познат како Искрин мост, којшто е еден од најдолгите во државата со 335 метри, а инвестицијата ќе чини 1,9 милиони евра обезбедени од Владата, - изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конефенција во близина на мостот.
- Оваа реконструкција опфаќа санација на темелите, санација на столбовите и нивно зајакнување со нов бетон и арматура, ќе се изврши промена на старите лежишта со нови еластомерни лежишта, а исто така предвидено е и зајакнување на главните и попречните челични носачи, нов асфалтен слој, изведба на нови тротоари, нова еластична ограда и други неопходни градежни активности. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбеди средства во вредност од околу 1,9 милиони евра за оваа реконструкција која е целосно во согласност со европските стандари и квалитети. Се работи за голема и обемна реконструкција која значително ќе ја зголеми безбедноста на овој регионален пат, - додаде пратеникот Костовски.
Тој нагласи дека Владата предводена од СДСМ во изминатите три години со значителни инвестиции ја подобрува инфраструктурата во државата.