×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата предводена од СДСМ продолжува со поддршка на граѓаните и економијата, кажа советничката Ангеловска

    02.06.2021 13:48 | KumanovoNews

    „Во периодот кој следи обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од кои, 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европска инвестициона банка (ЕИБ) за евтини кредити за мали и средни претпријатија“, кажа на денешната перс конференција советничката во Советот на Општина Куманово, од СДСМ, Ана Ангеловска.

    Владата предводена од СДСМ продолжува со поддршка на граѓаните и економијата, кажа советничката Ангеловска

    Таа потсети дека вчера била префрлена втората транша со износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, како и тоа дека Собранието го усвоило законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки.

    „Корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солвентноста во време на криза, особено кај контакт- интензивните индустрии. Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Неопходно е да продолжиме со поддршката на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата“, изјави Ангеловска.

    Таа додаде дека во текот на овој месец треба да се потпише и финансискиот договор со ЕИБ за ставање во функција на 100 милиони евра евтини кредити наменети за финансирање мали и средни претпријатија, а наскоро се очекува и нов пакет на економски мерки со кој ќе се помогне на најпогодените граѓани и сектори од економијата.