×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата предводена од СДСМ успешно се справува со економските предизвици, вели Георгиевска

    09.07.2021 15:04 | KumanovoNews

     Периодот кој е зад нас и во периодот кој доаѓа Владата предводена од СДСМ успешно се справува со економските предизвици кои се клучни за животот на граѓаните. Економските мерки кои се спроведоа допринесоа до раст на платите и растот на извозот, кажа на денешната прес конференција претседателка на Форум на жени Куманово, Јасмина Георгиевска.


    Владата предводена од СДСМ успешно се справува со економските предизвици, вели Георгиевска

     Таа вели дека последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај забележуваме раст на извозот од 58,2 проценти споредено со истиот период во 2020 година.

    „Паралелно бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност. Денес можеме да потврдиме дека имаме историска стапка на невработеност од 16 проценти, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. СДСМ заедно со коалициските партнери во Владата продолжува и во следниот период да работи одговорно и посветено се со цел да ја подобриме севкупната економска состојба во државата“, кажа Георгиевска.