Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една од главните цели на оваа Влада беше да ја зголеми довербата кај младите луѓе, дека тука, во родната земја, можат да имаат сигурна и извесна иднина. Дека нивната татковина ќе направи се’ за нивниот глас да допре до институциите, кажа Драгана Коцевска, претседателка на СДММ Куманово од денешната прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија.
.
Таа вели дека младинските политики кои ќе донесат подобра иднина ќе бидат креирани заедно со младите, а постигнатите резултати кои се видливи и мерливи и станале вистински и искрен партнер на младите.
Според неа, Владата предводена од СДСМ во изминатите години реализирала низа мерки и младински политики, со кои се подобрил статусот на младите луѓе во сите сфери од општественото живеење.
„Намалена е невработеноста кај младите, младите луѓе добија можност да се вклучат во процесите на одлучување и да креираат општество по сопствена мерка, со програмата гаранција за млади, со која Македонија е единствената држава надвор од ЕУ во која се спроведува оваа мерка, младите се вклучија на пазарот на трудот. Со стапка на успех од 41 процент, што е за 10 отсто повисоко од европскиот просек, само минатата година повеќе од 18.000 млади луѓе беа дел од програмата.За прв пат во историјата на нашата земја донесен е Законот за младинско учество и политики, со кој се дефинирани формите на младинско учество и претставување, отворање на младински центри, канцеларии за млади, службеници за млади, буџет, сервис и политики за млади. Воведен е младински додаток, грантови за млади земјоделци и поддршка за информатичка технологија и дигитални вештини. Идните академски граѓани добија субвенциониран студентски оброк.Над 2.700 студенти – корисници на стипендија, добиваат двојно повисоки стипендии. Реновиран е студентскиот дом „Гоце Делчев“, а во тек е реконструкцијата на „Пелагонија“ и „Кузман Јосифоски-Питу“, додаде Коцевска, која уверува дека со своите политики СДСМ секогаш ќе го слуша гласот на младите луѓе.