×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Власите го слават Националниот празник

    23.05.2012 13:37 | KumanovoNews

    Султанот Абдул Хамид II на 23 мај 1905 година потпишал Проглас, со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство. Овој ден се одбележува како „Национален ден на Власите“  и во Република Македонија е прогласен за државен празник за граѓаните од влашката етничка заедница.

    Власите го слават Националниот празник

    Власите се еден од најстарите народи автохтони жители на Балканскиот Полуостров, и има историски и индикатори, споменици и артефакти што можат да ги поврзат Власите и со Александар Македонски и подоцна со римската империја. Во дамнешните времиња, Власите имале номадски и полуномадски начин на живот со сезонски миграции, зиме низински делови, пролет – планински пасишта. Најстарото занимање на Власите е сточарството, посебно одгледувањето на големи стада овци, а подоцна главна стопанска дејност им станува карванџилукот.Со своите карвани Власите пренесувале стоки и биле во можност да ги запознаат другите народи, поразвиените земји, воспоставувале силни економски и пријателски врски, учеле нови јазици, се поврзувале со различни цивилизации. Заради ваквиот начин на живот Власите живееле во компактни средини и успеале низ долгите векови да си го зачуваат јазикот, традицијата, културното наследство без да направат национална држава. Во понатамошниот период Власите го напуштаат овој начина на живот и се стационираат во градовите, почнуваат да се занимаваат со занаетчиство, да се образуваат, да тргуваат, да патуваат , да носат иноваации. A некои историчари сметаат дека Власите всушност и ги поставиле темелите на економијата на Балканот. Тие секогаш ги содржеле сите конститутивни елементи на еден потенцијано совршен општествен организам, од сточари, до индустријалци, крупни трговци, финансиери, државници, министри, дипломати, генерали, професори, уметници, архитекти, научници, хуманисти кои прославиле институции со висока култура, основани и издржувани од Влашките мецени.

    Најголемиот подем Власите го доживуваат за време на Отоманската Империја, имале своја метропола, наречена Москополе, тоа е област во денешна Албанија, тоа бил европски град со висока култура, универзитети, библиотеки, архитектура, бизнис, производство, економија. Ова ќе го поврзам и со националниот ден, Султанот Абдил Хамид 2, во 1905 година, со Ираде го признал влашкиот народ како посебен и му дал право слободно да тргува и да се движи во рамките на империјата, му дал право на училишта, цркви на својот јазик.

    Но за жал за време на турската империја се случува и најголемото разнебитување на Влашкиот народ, турскиот феудалец Али Паша Јанински, под чива јурисдикција била метрополата влашка, му засметала нејзината моќ, решил да ја растури, го запалил градот и многу индивидуалци и цели семејства биле егзекутирани и прогонети. Биле приморани да се раселат насекаде низ Балканот и Европа...се растурила нивната компактност, се прекинале контактите меѓу нив, почнале да се мешаат со другите народи, и полека почнале да си го забораваат јазикот и да го губат својот национален идентитет. И полека низ децениите се најдоа на работ на својата национална егзистенција. Власите биле космополити и лојални грагани на државите во кои живееле, тие учествувале во сите балкански револуционерни и ослободителни движења, но никогаш не направиле своја матична држава и останале на ниво на малцински народ каде и да живеат.

    Во периодот по Втората светска војна до осамостојувањето на РМ, односно за време на социјализмот, на Власите им се случува најголемата асимилација како народ. Во тој период влашкиот јазик, писменост и култура можеше да се негува единствено во рамките на влашките семејства. Народот се сведе на ниво на предание..од уста на уста.. Но по распадот на СФРЈ и осамостојувањето на РМ, Влашката заедница се консолидира, се организира и го зајакнува својот национален интегритет. Власите се засебен, стар народ, со свој јазик, писмо, традиција и култура! Не треба да се поистоветуваат со ниту еден друг народ на Балканот или во светот. Не се Романци, не се Грци, не се Албанци!

    ЗА МНОГУ ГОДИНИ НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН МОЈ НАРОДЕ!!!

    Маре Костовска