×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Власта да каже колку од ветените проекти на претходните избори има реализирано, праша Стошевски

    07.10.2021 13:26 | Сузана Николиќ

    „Актуелната локална власт предводена од СДСМ, за прв пат на овие избори излегува со двајца кандидати за градоначалници. Деновиве, сведоци сме како пласираат разни ветувања помеѓу граѓаните но никако да се одважат да дадат отчет за тоа колку од ветените проекти на претходните избори имаат реализирано за овие четири години“, кажа кандидатот за советник Сашо Стошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

    Власта да каже колку од ветените проекти на претходните избори има реализирано, праша Стошевски

     Тој потсети дека едно од ветувањата на актуениот градоначалник беше изградба на градинки, една од нив и во населбата Перо Чичо и населбата Карпош. 

    „Како што може да видиме градинка во една од најголемите населби воопшто не е изградена. Сите знаеме со какви проблеми се соочуваат родителите кои не можат да ги запишат своите деца во градинка, а поради работните обврски изложени се на непријатна ситуација околу згрижување на нивните деца за време на
    работната недела. Општина Куманово има потреба од градинки и детски катчиња каде најмладите ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Откако почна кампањата, го слушаме актуелниот градоначалник како во главните приоритети ги става најмладите, но знаеме дека досега на дело не е направено речиси ништо. Заедно со неговиот противкандидат од СДСМ, зборуваат дека имале визија, некаков план за развој, но Куманово без грижа за новите генерации не може да има никаква иднина“, кажа Стошевски.

    Тој кажа дека во нивната програма за наредните четири години, нуди изградба на три градинки и тоа во населбите Карпош, Перо Чичо и Зелен рид, а ќе изградиат детски катчиња во сите делови на општина Куманово, што ќе создаде дополнителни услови за рекреирање и социјализација.

    „Затоа, ве повикувам на 17-ти октомври да го избереме бројот 7 , за поддршка на кандидатот за градоначалник Тони Михајловски и советничката на листа на Коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ајде сите заедно да ја создаваме иднината на општина Куманово“, кажа Стошевски.