×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Власта врши притисок и организиран напад врз кандидатите „За наше Куманово“, возвраќаат од граѓанската иницијатива по обвинувањата на Тасевска

    13.10.2021 15:40 | Сузана Николиќ

    Класичното режимско постапување од најлошите години на режимот го имаме и сега, ама кај поединци од власта кои ги имаат узурпирано државните институции за партиски цели, стои во писмената  реакција од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, по прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.

    Власта врши притисок и организиран напад врз кандидатите „За наше Куманово“, возвраќаат од граѓанската иницијатива по обвинувањата на Тасевска

    Оттаму тврдат дека уште во текот на вчерашниот ден поднеле пријава за обид на изнуда на поткуп од кандидат во време на изборен процес, а тоа го потврдиле со снимка, на која лицето барало средства за да обезбеди гласови.

    „Доколку имавте можност целосно да ја слушнете снимката пред да ја одржите денешната прес-конференција ќе се уверевте и самата дека станува збор за притисок и организиран напад врз советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. И вчера, и денеска повикуваме МВР до крај да го истражи случајот и бараме да се произнесе јавното обвинителство што треба по службена должност да одговори на нашата пријава. Апсолутно не се точни изнесените коментари од страна на пратеничката Тасевска дека ова било класично режимско постапување“, стои во соопштението.

    Тие додаваат дека во текот на целата кампања за локалните избори, независната иницијатива „За наше Куманово“ и нејзиниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски се соочуваале со бројни притисоци од страна на поединци од власта, кои ги злоупотребувале државните институции за партиски цели.

    Притоа обвинуваат дека министерот за внатрешни работи и началникот на СВР Куманово одат на партиски средби и и работат во интерес на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, а притоа вршат притисоци врз вработените во полицијата, во градинките, во образовните и здравствени установи да достават списоци со 10 до 15 гласачи.