Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски во понеделник ќе се сретне со кумановските работодавачи и невработени.
Средбата ќе се оддржи во 11 часот во просториите на Центар за вработување Куманово. Пред работодавците и невработените Поповски ќе го презентира оперативниот план на Владата за 2014 година и ќе го промовира новиот интернет сајт на институцијата.
Преку новиот сајт на АВРМ невработените ќе можат да се информираат за мерките за вработување, огласи и слободни работни места.