×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вложени 65 милиони денари во реконструкција на полициски објекти на подрачјето на Куманово

    02.12.2023 16:39 | Оливера Пешевска

    Сите полициски објекти на подрачјето на СВР Куманово се реконструирани во последните 6 години за што Министерството за внатрешни работи издвоило 65 милиони денари сопствени средства.

    Вложени 65 милиони денари во реконструкција на полициски објекти на подрачјето на Куманово

    Целта е подобрување на материјално-техничките услови за работа на полицијата, но истовремено и постигнување  енергетската  ефикасност и зачувување на животната средина.

    На реконструираните објекти и капиталните инвестиции на МВР потсети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при денешната работна посета на СВР Куманово .

     „Нема полициски објект на подрачјето на СВР Куманово кој не е реконструиран, иако претходно сите беа заборавени со децении. Објектот на СВР Куманово претставуваше навистина голема инвестиција , со вложени 47,2 милиони денари од буџетот на МВР, што го забележуваат не само полициските службеници, туку и граѓаните кои ги остваруваат своите граѓански права и обврски тука", истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите.

    Тој потсети дека објектот на СВР Куманово датира од далечната 1929 година, а реновирањето е изведено во повеќе фази.Претходно е целосно реконструиран и објектот во кој е сместено Одделението за управни и граѓански работи во Куманово во поранешниот Дом на АРМ,со површина од 900 м2. Завршени се и реконструкциските работи на објектите на сите организациони единици при СВР Куманово, и тоа на Полициското одделение Ранковце , Полициската канцеларија Старо Нагоричане, Полициската станица Кратово и  Одделението за внатрешни работи Крива Паланка.

     Спасовски дополнително нагласи дека се направени бројни инвестиции од страна на Владата во последните 7 години на територијата на Општина Куманово.

    „Реконструиравме дел од водоснабдителниот систем во Куманово, се работеше на изградба на фекален колектор во Речица, изградба на канализација во Тромеѓа, набавивме специјален ровокопач – натоварач за зимско одржување на улиците, специјално возило за отстранување на непрописно паркираните возила. Обезбедивме средства за доопремување на детската градинка со капацитет за нови 60 деца, работевме и на друг проект за адаптација на просторот на Пионерскиот дом во градинка за 40 деца", рече Спасовски.

    Беа споменати и инвестициите, санациите и делумните реконструкции на ОУ „Бајрам Шабани“, „Наим Фрашери“, на „Браќа Рибар“ во Сопот, средното училиште „Перо Наков“,  спортската  сала во училиштето „Наце Буѓони“ и во ОУ„Јероним Де Рава“, потоа Меморијалниот центар „АСНОМ“ во  Пелинце, како и активностите во култната Соколана и спортската сала.