×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вложуваме во подобрување на условите и услугите за пензионерите вo Куманово, кажа Димитриевски

    02.07.2021 13:41 | KumanovoNews

    Oпштина Куманово ќе продолжи да дава придонес за пензионерите и со понатамошната соработка ќе им обезбеди подобри услови во сите сфери од општествениот живот, истакна градоначалникот Максим Димитриевски на денешната работна средба со претставници на Сојуз на здружението на пензионери на РСМ и Здружението од Куманово.

    Вложуваме во подобрување на условите и услугите за пензионерите вo Куманово, кажа Димитриевски

    На средбата се разговараше за повеќе значајни теми за пензионерите, со акцентирање на услугите во Домот за стари лица “Зафир Сајто”-Куманово и субвенционирање на јавниот превоз за пензионери.

    „Општина Куманово континуирано вложува во подобрување на услугите коишто ги даваме во Домот за стари лица во Куманово, како и соработката во областа на културата и спортот. Последната одлука што ја донесе Советот на Општина Куманово е субвенционирање на јавниот превоз за пензионерите во општина Куманово. Целта е со овие 1.5 милион денари нашите пензионери, а особено оние коишто имаат пониски пензиски примања, да ги користат услугите на јавниот градски превоз. Сметаме дека ќе дадеме свој придонес за нашите сограѓани коишто имаат направено многу за нашата општина, а кои денеска се во трето доба“, потенцираше Димитриевски.

    Тој нагласи дека се разговара и за идна соработка, а изградбата на нов Дом за пензионери во Куманово ќе биде еден од приоритетите на општината за да се зголемат постоечките капацитети коишто се на располагање во општината.

    Претседателката на Сојузот на Здружение на пензионери на РСМ, Станка Трајкова, изјави дека се разговарало за навистина значајни прашања што се од витално значење за пензионерската популација во општина Куманово.

    „Разговаравме за материјално-социјалниот статус на корисниците на пензија, традиционалните активности кои се одвиваат во здружението, а значат активно стареење на возрасните лица, како и моментите коишто значат социјално домување на пензионерите. Конкретните постигнати резултати говорат дека градоначалникот на Димитриевски навистина добро го проучил членот 22 од Законот за локална самоуправа и се грижи за пензионерите, односно за околу 14.000 корисници на пензија од Куманово“, рече Трајкова.

    Таа посочи дека оваа соработка треба да биде пример за сите други општини и градоначалници, изградена на взаемност и солидарност за сите пензионери и стари лица и во време на ковид пандемијата.