×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски вети изградба на 11 прочистителни станици

    14.09.2015 11:37 | KumanovoNews

    Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција потсетија дека градоначалникот Зоран Дамјановски, во преизборната кампања вети изградба на 11 прочистителни станици.

    ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски вети изградба на 11 прочистителни станици

    Го прашуваат како може да биде рамнодушен знаејќи дека илјадници семејства не се приклучени на канализациона мрежа.

    Се работи за проект кој предвидува изградба на 11 мини прочистителни станици за еквивалент жители од 400 до 6000. Со изградба на овие прочистителни станици, истовремено треба да биде изградена и канализациона мрежа во вкупна должина од 73 км, со што ќе биде решен овој проблем на жителите на следните населени места: Сопот, Табановце, Четирце, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Романовце, Брзак, Агино Село, Пчиња, Студена Бара, Вак'в, Скачковце, Орашац, Клечовце и Черкези. Вкупната вредност на овој проект се проценува на 530.000.000 денари - изјави Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

    Од партијата велат дека Дамјановски треба да даде отчет за она што го сработил овие години, односно за пропаѓањето на градот.