Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на прес-конференција ги обвинија политичките противници дека вчера изнеле невистини пред кумановската јавност за наводно нереализираните владини проекти.
Од ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека рехабилитацијата на делницата Куманово-Миладиновци според програмата треба да се заврши до крај на 2017 година, а реализацијата ќе отпочне во февруари 2016 година. За изградба на експресен пат Куманово-граница со Бугарија, делница Ранковце-Крива Паланка градежните активности треба да отпочнат во втората половина на 2016, а да заврши проектот кон крајот на 2018 година. Во фаза на реализација е проектот за реконструкција на далноводот Скопје-Куманово. Спортска сала ќе се изгради во основно училиште во градот, но до 2018 година, а санацијата и реконструкцијата на постојните станици за пречистување на отпадни води ќе се изврши исто до 2018 година.
ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Република Македонија која воведе програма дефинирана со прецизни рокови и прецизни финансиски средства. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е првата во историјата на Република Македонија која ги реализира проектите од својата програма согласно предвидените рокови и динамика. СДСМ наместо да понуди идеи, проекти и програма , ја замајува кумановската јавност со лаги и невистини, наведувајќи дека не се реализирани проекти кои се во фаза на реализација или чија реализација е предвидена за наредните години. Толку својствено за СДСМ. Без разлика на сè, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово продолжува со запознавањето на кумановската јавност со сите ветени, а нереализирани проекти од страна на градоначалникот Зоран Дамјановски - изјави Бране Петрушевски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
На прес-конференцијата беше емитуван видео материјал од 13 март 2013 година, за време на предизборната кампања на кој градоначалникот Дамјановски ветува изградба на технолошко-индустриска развојна зона во Речица и прашуваат што стана со зоната. За Дамјановски рекоа дека е еден од најлошите градоначалници во Македонија и дека заради неговата неспособност Куманово е хендикепирано.