×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Куманово се дави во смет

    16.09.2015 11:57 | KumanovoNews

    Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека и по 11 години од неговото владеење градот се дави во смет.

    ВМРО-ДПМНЕ: Куманово се дави во смет

    Прес-конференцијата ја одржаа на влезот од населбата Перо Чичо, каде има дива депонија. Рекоа дека дивите депонии даваат лоша слика за Куманово и се сериозно жариште за појава на заразни болести.

    Тука на ова место стана пракса Дамјановски да се појавува еднаш годишно за да потсети на неговите 11 годишни неисполнети ветувања и да ја повтори лагата дека конечно ќе се решел проблемот. Наместо трајно решавање на проблемот со дивите депонии и нечистотијата во градот, Дамјановски се обидува со една акција за чистење во годината да прикаже дека е поставен за решавање на овој сериозен проблем. Граѓаните на Куманово секој месец плаќаат за собирање на смет и чистење на градот и според тоа е потребно Зоран Дамјановски и неговите соработници во јавните претпријатија да организираат постојано да се собира смет во градот - изјави Валентина Јовановска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

    Таа вели дека Дамјановски е пример како не треба да функционира еден градоначалник.