Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција уште еднаш го обвинија градоначалникот и СДСМ, поради тоа што граѓаните на Куманово од идниот месец ќе плаќаат повисоки сметки за вода.
При тоа истакнаа, дека со години наназад ја предупредувале локалната власт за недомаќинското работење на менаџерскиот тим во претпријатието и укажувале на последиците од таквата состојба.
Месечни сметки за вода од идниот месец ќе бидат повисоки за приближно 25 проценти. Градоначалникот пред изборите не вети дека ќе ја поскапи цената на водата,па мора на својот грб да ја сноси политичката и моралната одговорност за оваа постапка, бидејќи со години наназад упорно ги бранеше, штитеше и на тој начин ги сокриваше аномалиите во јавното претпријатие, предизвикани од најблаго кажано, неспособноста и непрофесионалноста во работењето на директорот. Повеќе од две години баравме да кажат зошто претпријатието е пред колапс, зошто има превработеност, зошто не се зема плата по неколку месеци и зошто јавното претпријатие с`е полошо ја врши својата основна дејност. При тоа не се превземаат мерки за намалување на огромното количеството на загуби на вода кои изнесуваат енормни 57 одсто, и имаат наплата од само 60 одсто - рече советникот Бобан Николовски, пред новинарите.