×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ со план за поголема достапност и отвореност на Советот кон граѓаните

    14.11.2022 13:21 | Оливера Пешевска

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доставила Акциски план за интеракција со граѓаните до претседателот на Советот на Општина Куманово, сите советници и до Секретарот на општината, со кој се предвидува сите достапни ресурси, кои се ставени на користење на советниците на Општина Куманово,како службени мобилни телефони и имејл адреси да бидат ставени во функција на граѓаните.

    ВМРО-ДПМНЕ со план за поголема достапност и отвореност на Советот кон граѓаните

    „Претплатата за мобилни телефони се плаќа од Општина Куманово и треба да бидат јавно достапни за сите сограѓани. Службените мејл адреси треба да се активираат и да бидат достапни за сите заинтересирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

    Планот е конципиран во две фази. Првата фаза би се имплементирала во наредните 60 дена, а планот би почнал да се применува од почетокот на 2023 година. Предлагачите велат дека за негова реализација не се потребни никакви дополнителни финансиски средства. За некои од точките дал согласнот и ИТ секторот од општинската администрација и планот бил оценет како спроведлив и одржлив.

    „Секој повик и секое прашање на граѓаните заслужува одговор. Секое делче од Куманово треба да биде посетувано редовно од советниците и секако треба поголема заложба и волја за решавање на одредени проблеми“, изјави Елена Доцевска-Божиновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и еден од иницијаторите на проектот.

    Редовни средби со таргет групи како пензионери, таксисти, спортисти, угостители, би овозможиле да се чуе и нивниот глас и да се алармира за нивните секојдневни проблеми во животот и делувањето. Посета на месни и урбани заедници со мешани групи по национална, верска и политичка припадност, достапност и видливост на целокупниот материјал за седниците на Советот се некои од предлозите на локалните советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Материјалите кои пред седница ги добиваме само ние советниците и не се достапни до граѓаните и медиумите, што сметаме дека е сериозен пропуст и проблем. Затоа, бараме тие транспарентно да се објават на официјалната веб страница на Општина Куманово и секој кој има пристап да даде сугестија или предлог што би се разгледале пред да пристапиме кон одлучување за тие прашања“, објаснува Доцевска - Божиновска.

    Меѓу предлозите е и да се создаде и публикација „Мој советник“, по примерот на „Мој пратеник“, кој статистички би можела да се следи активниста и агилноста на секој советник. Публикацијата би содржела податоци за редовно присуство/одсуство на седниците,земен збор, предлозите што ги доставил советникот и колку бил ангажиран и достапен со своите советнички
    обврски им излезе во пресрет на барањата на граѓаните. Статистиката би се објавувала на секои 6 месеци и би била достапна и видлива на целокупната јавност.

    Втората фаза би започнала откако првата целосно ќе се стави во функција и ќе заживее. Планот го доставуваат со убеденост дека ќе наиде на поздрав и прифаќање од сите советнички групи, без простор за политички калкулации и пресметки. Целта е унапредување на демократскиот капацитет и транспарентноста на институциите.