Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини јавното претпријатие „Водовод„ дека ретроактивно наплаќа поскапа вода, иако одлуката на Советот сеуште не е објавена во Службен гласник.
Како што наведуваат од партијата во сметките за месец октомври, што домаќинствата ги добија деновиве, засметано е пречистување на водата во износ од 8,5 денари за метер кубен, иако одлуката за таквата услуга беше донесена на 26 октомври.
Иако одлука сеуште не е официјално валидна,поради тоа што не излезе во Службен галсник на општината, тоа не беше пречка за јавното претпријатие незаконски да го вметнат покачувањето на водата, ретроактивно за еден месец наназад. Ниту надлежните пак некогаш спомнааа дека покачувањето ќе важи од месец октомври, туку дадоа само образложение зошто се вметнува новата ставка кој ја покачува вкупната цена на водата -вели кординатот на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски.
Обвинувањата ги отфрла директорот на ЈП „Водовод„, Виктор Божиновски, кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ прави политички маткетинг и сака да го дискредитира претпријатието, без при тоа да ја прочита предлог-одлуката.
Одлуката за воведување на нова комунална такса од управниот одбот на ЈП „Водовод„, беше донесена на 5 септември и во неа стое дека таа ќе се применува од 1 октомври, независно кога Советот ќе даде согласност.Што значи дека ЈП Водовод постапува по одлуката, а Советот во овој случај не донесува одлука, туку само дава согласност на донесената одлука на УО - објаснува Божиновски.
Со новите сметки кумановчани во просек плаќаат околу 100 денари повеќе за комунална услуга пречистување на отпадни води. Граѓаните реагираат на повисоките сметки за вода, а од претпријатието одлуката ја правдаат со зголемените трошоци од околу 1 милион евра годишно за потребите на Пречистителната станица, кои неможат да ги покријат со досегашната цена на вода и слабата наплата што ја имаат од граѓаните.