×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во близина на Табановце уапсен полицаец додека шверцувал мигранти

    07.10.2021 14:52 | Сузана Николиќ

    Кај напуштена бензиска пумпа пред с.Воиновиќ, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес. 

    Во близина на Табановце уапсен полицаец додека шверцувал мигранти

    Тој денеска во 10 часот бил затекнат со возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија. 

    Во 10.15 часот на бензинска пумпа на автопатот Табановце-Куманово, како соучесник во криумчарењето, од слобода бил лишен и Е.М.(35) од с.Горно Оризари, велешко за кој постои сомнение дека е организатор и учесник при вршење на делото. 

    За случајот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради превземање на мерки од нивна надлежност.