Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток на 20 јули ќе започне Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2023“. Фестивалот ќе трае три дена, а ќе учествуваат 10 фолклорни ансамбли од Македонија, Египет, Бугарија, Колумбија, Грција, Албанија.
„ И оваа година имаме квалитетни гости за богата програма за сите љубители на фолклорот. Првата фестивалска вечер ќе започне со дефиле на учесниците низ улиците во централното градско подрачје. По свеченото отворање ќе настапат домаќините КУД „Панче Пешев“, а програмата ќе продолжи со гостите Ансамблот „Мокра“ од Албанија, Фолклорното студио „Етнос“ од Скопје, Центарот за фолклорни студии „ЕЛ.КЕ.ЛА.М“ од Атина ,Грција, ФА „Битола“, Ансамбл „Ел Шаркија“ од АЗ Загазиг, Египет, Ансамбал „Арсенал“ од Казанлк, Бугарија и групата „Макена фолк“ од Колумбија“, изјави Мирче Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.
Втората фестивалска вечер во опеток 21 јули е резервирана за КУД „Српски вез“ од Куманово, „Студио фолклор“ од Скопје и повторно настап на гостите од Египет, Албанија, Грција, Колумбија и Бугарија.
Настапи на третата и последна фестивалска вечер, на 22 јули, ќе имаат КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка, „Арсенал“ од Бугарија, „Панче Пешев“ од Куманово, „Мокра“ од Тирана, Албанија, „Ал Шаркија“ од Египет, „ЕЛ.КЕ.ЛА.М“ од Грција и „Макена фолк“ од Клоумбија.
Концертите почнуваат во 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура во Куманово.
Организатори на манифестацијата по четврти пат се КУД „Панче Пешев“ и Младинскиот културен центар МКЦ, а под покровителство на Минситерството за култура и Општина Куманово, и е дел од програмата за Кумановско културно лето.