Во дом на кумановец пронајдена марихуана
05.03.2014 13:47
| KumanovoNews
При претрес во домот на Ф.Ц.(30) од Куманово полицијата пронашла марихуана.

Кај Ф.Ц. се пронајдени 8,3 грама марихуана, 0,49 грама мешавина од марихуана и тутун и 97 семки од растението „канабис сатива“ со нето маса од 2,2 грама. Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој ќе одговара за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.