×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во еден ден казнети 96 возачи во Куманово

    25.12.2020 12:05 | KumanovoNews

    Во текот на вчерашниот ден биле изречени 96 казни на возачи во Куманово и тоа претежно за брзо возење, возење без возачка дозвола, а исто така и за возење на нерегистрирани возила.

    Во еден ден казнети 96 возачи во Куманово

    Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, рече дека засилените контроли во сообраќајот даваат резултати, потенцирајќи дека на територијата на СВР Куманово се забележува значително намалување на сообраќајните незгоди, особено во делот на оние со тешки телесни повреди.

    „Конкретно и на територија на СВР Куманово, забележително е огромно намалување во делот за сообраќајни незгоди, особено во делот за оние со тешки телесни повреди. Продолжуваме со засилените контроли и во наредниот период, апелирам до граѓаните заеднички да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, не за да ги избегнеме казните туку за заеднички да придонесеме за што помалку жртви на патиштата“, потенцираше Ангеловски.

    Тој додаде дека во наредниот период ќе продолжат со засилените акциски контроли и во Куманово, но и во останатите градови, затоа што споредбено со претходната година се покажува дека има огромна разлика во намалувањето на сообраќајните незгоди.

    На територијата на државата споредено ноември 2020 со ноември 2019 има намалување од 21 отсто на вкупните сообраќајни незгоди, намалување од 36 отсто од бројот на жртви во сообраќајни незгоди, а исто така и 75 отсто во намалување на сообраќајни незгоди во делот каде учествуваат пешаци, како и намалување од 47 отсто во делот на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди.

    (Ф.М.)