×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во касарната „Боро Менков„ одбележан Меѓународниот ден на воени спортови

    18.02.2015 09:41 | KumanovoNews

     Во касарната “Боро Менков” Куманово, денеска со низа спортски активности беше одбележан Денот на Меѓународен совет за воени спортови.

    Во касарната „Боро Менков„ одбележан Меѓународниот ден на воени спортови

    При тоа беа одржни екипни натпреварувања во влечење јаже, мал фудбал, пинк понг, шах и кошарка.

    Спортскиот настан го отвори началникот на штаб во Здружено Оперативната Команда(ЗОК) бригаден- генерал Стојан Димчов.

    Целта на овој проект е промовирање на здравјето, физичката кондиција и пријатно чувство низ активности достапни за секој припадник, преку мотото “Спорт за сите”. Заради промовирање на здравјето, физичката кондиција и психофизичкиот ментален склоп кај секој припадник на АРМ низ спортски активности развивајки пријатно чувство и поголем елан за работа, транспарентност, но и создавање општа култура за спортување.

    Република Македонија во мај 2005 година е примена како 127 земја членка во овој совет, со што се стекна право на учество на сите меѓународни состаноци и спортски натпревари во негова организација, за овој настан се предвидува 18 ти февруари, ден на кој во далечната 1948 година е формиран Меѓународен Совет за Воени Спортови.