×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Киро Бурназ“ и годинава ќе врши упис за фармацевтски техничар, а се воведува и нова струка за дентални асистенти

    27.04.2023 19:29 | Оливера Пешевска

    И во новата учебна година учениците од деветто одделение ќе можат да се запишуваат на насоката фармацевтски техничар во Државното средно училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, која првпат беше воведена минатата година и предизвика голема заинтересираност кај деветоделенците.

    „Киро Бурназ“ и годинава ќе врши упис за фармацевтски техничар, а се воведува и нова струка за дентални асистенти

    Информацијата ја потврдија од училиштето, откако на официјалниот конкурс за упис на ученици во прва година на МОН, објавен на крајот на март, ова насока беше изоставена од листата на стручни паралелки во „Киро Бурназ“, што предизвика разочараност кај заинтересираните ученици.

    „Конкурсот предизвика збунетост и грижа кај родителите и децата што сакаа да се насочат кон оваа професија за која постои дефицит на стручен кадар. Но, по контактите со МОН во изминатите неколку недели, денеска добивме потврден одговор дека и во новата учебна година продолжуваме со упис во прва година за ова насока“, изјави Весна Трајковска, директорка на училиштето.

    Уписот ќе се одвива според минатогодишниот модел, односно предвидени се 25 ученика во паралелка на македонски наставен јазик и исто толку на албански наставен јазик.

    Исто така, од оваа година се воведува и нова насока насока - дентални асистенти со по 25 ученика во две паралелки , едната на македонски,а втората на албански наставен јазик.

    За сите останати насоки при упис на деветоделенците остануваат пропишаните норми и услови на МОН.

    Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број на ученици од планираните квоти, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети:
    – за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;
    – за здравствена струка – биологија и хемија,
    – за другите струки – мајчин јазик и математика.

    Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на МОН. Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 и на 21 јуни 2023 година. Ранг листата на запишани ученици се објавува веќе следниот ден на 22 јуни 2023 година.