×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во КУД “Карпош“ сами си изработуваат народни носии

    23.02.2015 12:52 | KumanovoNews

    Во Културно - уметничкото друштво “Карпош“ сами изработуваат народни носии за потребите на играорците.

    Во КУД “Карпош“ сами си изработуваат народни носии

     Носиите ги шијат во сопствена работилница, а за изминатите пет години, колку што постојат, направиле повеќе од сто комплети, машки и женски носии.

    “Работиме двајца луѓе, плус уште неколку девојчиња сакаат да везат и ни помагаат. Колку време ќе работиме на една носија зависи од материјалот и од везот. Четиринаесет комплети направивме за два месеци, а се случувало и една носија да ја правивме една недела. Веќе нема ткаено, и овие носии на некој начин се копија. Ниту една носија немаме купено, и има многу родители, баби, дедовци кои ни подариле стари носии за да не им стојат дома по сандаци и да се уништуваат“ - вели Слаѓана Стефановска, костимограф во КУД„Карпош“.

    Ансамблот има кумановски, врањски носии, носии за ората “копачија“ и “пирин“.