×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 12 новозаболени и 44 оздравени од коронавирус

    04.02.2021 21:23 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19, a направени се 2.107 тестирања.

    Во Куманово 12 новозаболени и 44 оздравени од коронавирус

      По градови во   Скопје 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

    Седум пациенти починаа по компликации од ковид-19, вели Министерството за здравство. Починати се 2 пациенти од Скопје (72 и 84) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73), Велес (48), Охрид (65), Кичево (65) и Дебар (80). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

    Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови , а лежат 234 лица. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 560 болни и има околу 580 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 638 оздравени пациенти од: Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар – 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола – по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на ковид-19.

    Во земјава вкупно ковид-дијагностицирани лица се 93.882, оздравени се 83.424, починаа 2.900, а активни случаи се 7.558.