Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за здравство соопштува дека вчера се регистрирани 815 нови случаи на коронавирус од 2.664 тестирања.
По градови од Скопје-329, Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Струга-28, Велес-24, Битола-52, Охрид-28, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19.
Починати се 20 лица. Осум пациенти се од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74), еден од Штип (82), двајца од Прилеп (68 и 72), еден од Струга (78), двајца од Велес (70 и 65), еден од Битола (84), еден од Кавадарци (68), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89), еден од Струмица (63) и еден пациент од Берово (77). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34, Тетово-29, Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.949, бројката на оздравени пациенти е 53.345, на починати е 2.274, а бројот на активни случаи изнесува 22.330. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 33643, активни 11956
• Куманово 4448, активни 622
• Крива Паланка 562, активни 133
• Кратово 181, активни 26.