Во Куманово 50 заболени од грип
29.12.2011 14:08
| KumanovoNews
Во Центарот за јавно здравје Куманово во последниве три месеци има регистрирано 53 заболени од грип, со полесна клиничка слика.
Тоа е мала бројка за овој период од годината, а кулминација на грипот се очекува во наредните два месеци, предупредуваат лекарите.
Засега нема зголемување на бројот на заболени, меѓутоа праксата покажала дека по завршување на зимскиот распуст во јануари бројот може драстично да порасне- вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Лекарите ја следат состојбата на терен и препорачуваат граѓаните превентивно да делуваат со провертување на просториите во кои подолго престојуваат и да избегнуваат масовни собирања.
Во Куманово 1400 граѓани се вакцинирале против грип.

