×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово до 18.30 часот излезноста е над 47 отсто

    17.10.2021 17:31 | Сузана Николиќ

    Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18.30 часот во Куманово е 47,26 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија. Во Куманово гласале 36.389 избирачи од вкупно 93.986.

    Во Куманово до 18.30 часот излезноста е над 47 отсто

    До 17 часот правото на глас го искористиле 41,39 отсто, велат од Државната изборна комисија (ДИК). Според обработени 72,42 отсто од гласачите, до 17 часот гласале 547.048 граѓани. Право на глас на овие избори го имаат 1.824.864 граѓани.

    Најголема излезност има во Македoнски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто.

    Гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција, избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.