Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 62 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.557 тестирања, информира Министерството за здравство.
По градови во: Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.
Регистрирани се 245 оздравени пациенти од: Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68242, активни 1475
Куманово 8778, активни 339
Прилеп 8262, активни 165
Тетово 7189, активни 127
Битола 6268, активни 243.