×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 10.000 луѓе имаат дијабетес, 120 се деца

    14.11.2022 16:19 | Оливера Пешевска

    Дијабетесот е хронична болест позната како „тивок убиец“ и е во постојан пораст со секоја измината година. Моментално во Куманово има околу 10.000 дијабетичари, од кои 120 се малолетници, велат од Центарот за дијабет во Општа болница Куманово на Светскиот ден на дијабетесот - 14 Ноември.

    Во Куманово 10.000 луѓе имаат дијабетес, 120 се деца

      „Сите 120 малолетници се на инсулинска терапија, а од возрасните со дијабет Тип 2 околу 3000 се инсулинско зависни, а останатите се на таблетарна терапија. Затоа е многу важно да се придржуваме на советите на лекарите. Тогаш можностите за компликација се многу помали и се одложуваат за што подоцна. Бројката е варијабилна и динамична, со тренд на зголемување. Сепак во пораст е бројот на возрасни пациенти, а кај децата не е забележан значителен раст. Алармантно е што јувенилниот дијабет, или дијабет Тип 1 секогаш е инсулински зависен и тоа значи доживотно инјектирање на инсулин. Најчесто не е условен од дебелината или претераната употреба на шеќери, туку генетската предиспоција предизвикува премногу агресивен авто-имун одговор“, изјави Исмаил Бајрами, доктор-специјалист од Центарот за дијабет во ЈЗУ Општа болница Куманово, кој додава дека ковид кризата не влијаела премногу на зголемување на бројката, иако некои од ковид пациентите по прележување на вирусот станале дијабетичари.

    Како превентивни активности за да не дојде до појава на оваа болест докторите препорачуваат редовна физичка активност, некористење на алкохол и никотин, придржување на диететските правила. Меѓутоа, седечкиот начин на живот, начинот на исхрана и генетската предиспозиција доведуваат до зголемување на тежината кај населението, а со тоа и зголемен број на болни од „шеќер“. 

    „Најголем проблем е секојдневниот стрес, колку често и колку интензивно се доживуваат таквите ситуации и токму секојдневната напнатост може да биде најголем тригер за појавување или ескалација на болеста. Редовно да си се слуша сопствениот организам, сопствените потреби и навремено да се реагира во договор и по препорака на матичниот лекар“, додава доктор Бајрами. 

    Дијабетот знае да биде скриен со години и до дијагностицирањето да направи непоправлива штета, оштетување на мали и поголеми крвни садови, очни компликации, бубрежни, мозочни и комликации на екстремитети. Затоа треба да се избегнува шеќер во исхраната и заситени масти, да се правата што почесто прошетки на чист воздух и умерена физичка активност, и поголема опуштеност и во извршувањето и доживувањето на секојдневните обврски.

    Доктор Бајрами вели дека снабдувањето со ленти за проверка на ниво на шеќер во крвта и пенкала за боцкање со инсулин се редовни и нема недостаток. Специјалистот ги прегледува еднаш на 4 месеци, се забележува статистичка средина и по тоа се одредува терапијата. Тоа го потврдуваат и пациентите.

    „Секој месец си подигам редовна терапија и нема никаков проблем. Јас примам 2 вида на инсулин едниот напладне, другиот пред спиење и секогаш кога ќе одам во болница ги надополнувам залихите потребни за тој месец. Но болеста е таква, знае шеќерот да варира па и по 3 пати дневно го мерам и понекогаш морам и да си докупам ленти. Не сме оставени без терапија, иако и тоа се случувало во минатото“, вели наша сограѓанка, долгогодишен пациент со дијабетес.

    Нивото на гликемија во крвта треба редовно да го проверуваат сите со кардиоваскуларни болести или со други комибордитети.Но, и сите други граѓани треба барем еднаш годишно да направат крвна анализа, каде секогаш се проверува и гликемијата, и да следат дали имаат зголемено чувство на жед, глад, нагло губаење или добивање на тежина, проблеми со видот – симпртоми кои можат да укажуваат на дијабетес.