Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово утринава се измерени - 9 степени Целзиусови, а најстудено било во Берово со - 14 степени.
Потоа селдуваат Маврови Анови - 11, - 10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, -7 Кавадарци, Виница, Пожаране, Штип, -6 Гевгелија, -5 Охрид, Претор, -4
Струмица.
Времето денеска, наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност,
поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.