Во Куманово казнети 96 граѓани затоа што не носеле заштитна маска
22.01.2021 09:48
| KumanovoNews
Деведесет и шест граѓани на Куманово ќе се соочат со казна од по 20 евра, затоа што на јавен простор не носеле маска. Истата казна ќе платат и 26 жители на Крива Паланка и 11 на Кратово.

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (21.01/22.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 133 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 96 во Крива Паланка 26 и во Кратово 11, за истите ќе следуваат соодветни мерки“, - соопштуваат од МВР.