×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ќе спроведе дезинсекција против комарци на застоени води

    07.07.2023 14:04 | Оливера Пешевска

    Во понеделник /10 јули/ од 8 до 14 часот во општина Куманово ќе спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини.

    Во Куманово ќе спроведе дезинсекција против комарци на застоени води

    Третманите ќе се изведуваат на следните локации: Речица, Индустриска улица, Клечовце, место викано Бара – Ајдучка чешма, по течение на река Којнарка и Кумановка и локацијата Толи Зордумис.

    Во вторник / 11 јули/ од полноќ ќе биде извршена адултицидна дезинсекција, против возрасни форми на комарци. Третманот ќе се врши на територијата на Општина Куманово.

    Доколку временските услови не дозволат да се извршат третманите, истите ќе се одложат за наредниот ден.

    Ваквата дезинсекција се изведува два пати годишно во неколку фази. Дополнително се врши и авионска дезисенкција, а последното прскање против комарци беше спроведено пред околу 3 недели.

    За извршување на овие услуги општината издвојува нешто повеќе од 2,2 милиони денари, на две фирми-вршители на услуга со кои има склучено договори.