Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Одделението за управни работи Куманово можат да се извадат без претходно закажување на термин.
Тоа значи дека граѓаните можат да започнат постапка за промена на лична карта, возачка дозвола и пасош, во било кое време кога ќе отидат во службата. За нивните потреби се користат две кабини.
„Од почетокот на 2023 година изработени се вкупно 80.787 лични документи од кои 36. 022 патни исправи, 30.155 лични карти и 14.610 возачки дозволи. Од четирите кабини за фотографирање во Одделението за управни работи Куманово, две работат со граѓани кои имаат закажани термини и две за оние граѓани кои немаат закажно термини“, соопштуваат од СВР Куманово.
Граѓаните имаат обврска да ги сменат личните документи со новото име на државата Република Северна Македонија до 12 февруари 2024 година, поради што се создаде метеж во службите и нервоза кај граѓаните. По овој датум нема да важат документите со старото име на државата. Како одминува времето гужвите се се` помали.