×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово наврнаа 20 литри дожд

    17.06.2023 12:09 | Сузана Николиќ

    Во изминатото деноноќие во Куманово наврнаа 20 литри на квадратен метар дожд.

    Во Куманово наврнаа 20 литри дожд

    Најмногу дожд падна во Маврови Анови, 24 во Тетово и Попова Шапка, 22 во Претори Крушево, 21 во Прилеп, 20 во Куманово, 16 во Крива Паланка и Демир Капија, 14 во Скопје кај Петровец, 13 во Охрид, 10 во Дебар, девет во Пожаране, шест во Виница, пет во Тополчани, четири во Штип, три во Струмица и Ѓуриште, два во Скопје кај Зајчев Рид и Битола, и по еден литар на квадратен метар во Берово и Лазарополе.

    Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од
    измерената.

    Времето денска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.