Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На територијата на општина Куманово во изминатото деноноќие наврна 27 литри дожд на м2.
И денеска врнежите ќе продолжат, наместа со пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Времето ќе биде облачно и свежо со максимално најавени 13 степени. Веќе во вечерните часови дождот ќе престане и ќе дојде до стабилизација на временската состојба.
Во деновите од викендот не чека разведрување и покачување на дневните температури. Не очекува сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе растат полека, за утре се најавени 19 степени, за недела 20.
И во наредната недела се најавува слично време со температури од 18-20 степени .Но, ќе дојде до пад на утринската, минимална температура.