×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово недостигаат 49 пожарникари

    17.02.2020 10:55 | KumanovoNews

    Во Територијалната противпожарна единица во Куманово недостасуваат 49 пожарникари.

    Во Куманово недостигаат 49 пожарникари

    Противпожарната единица на Куманово ги покрива општините Липково и Старо Нагоричане, а има вработени само 49 пожарникари или половина од она што е законски предвидено.

    Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кое открило дека во 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум.

    Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје. Следуваат Тетово, каде недостигаат 65 пожарникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, во Битола има кусок од 32, а во соседен Прилеп од 26 пожарникари.

    Според Законот за пожарникарство, минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува:

    - во општините до 10.000 жители - девет професионални пожарникари,

    - во општините од 10.000 до 15.000 жители - 13 професионални пожарникари,

    - во општините од 15.000 до 24.000 жители - 17 професионални пожарникари и

    - во општините со над 24 000 жители - еден професионален пожарникар на 1.500 жители.

    Законот, исто така определува дека утврдениот број на професионални пожарникари на противпожарните единици се зголемува соодветно на бројот на жителите на соседните општини кои ги покрива формираната единица.

    Просечно по 31 година се стари противпожарните возила на Куманово.

    Територијалната противпожарна единица во Куманово минатата година имала 617 интервенции или во просек, 1,7 на ден.

    Најголем дел од нив биле на отворен простор – 411, од кои 304 во летниот период на стрништа и сува трева, кога ги имало и по десетина дневно.