×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, кажа Димитриевски

    15.12.2020 11:40 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека Куманово нема да ги смени спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што над 1000 борци ги дале своите животи за денешната слобода.

    Во Куманово нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, кажа Димитриевски

    „Во Куманово, нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор.Факт е дека во Куманово над 1000 луѓе во Втората светска војна ги изгубија животите, од кои најголем дел токму од тој бугарски фашистички окупатор. Јас исто така не можам да негирам дека Отечествениот фронт од Бугарија е исто така на страна на нашите сојузници. Сепак, Бугарија треба да биде свесна за тоа и јавно да се извини и да продолжи понатаму. Во спротивно, ако се осудите да менувате табли, ќе ве осуди првенствено сопствениот народ пред се, а потоа и оние кои ги дале своите животи за денес да имаме сопствена држава, - изјави Димитриевски во интервју на ТВ 24.“

    Тој смета дека крајно недемократски е да се спречува една држава да стане член на ЕУ, бидејќи Македонија и географски, но и суштински припаѓа на Европа и нашето место е таму. Според него дека ние како држава во ниту еден момент не смееме да дозволиме да си го погазиме сопственото битие, бидејќи Македонија е суверена држава, со суверен народ и етнички заедници кои се стремат да бидат полноправни членови на ЕУ.

    “Верувам дека ЕУ ќе ги лоцира сите пропусти во делот на функционирање на системот кога се зборува за вакви постапки за доаѓање до членство во Европската унија и впрочем ќе се обиде да ги анулира истите и да ги сведе ризиците на ваквите постапки на минимум. Недемократски начин е да се спречува една држава да стане член на ЕУ, бидејќи Македонија и географски, но и суштински припаѓа на Европа и нашето место е таму. Верувам дека дополнително ќе се изнајдат решенија како да се надмине овој проблем, а впрочем во политичката елита во соседна Бугарија исто така очекувам да преовладее разумот којшто суштински ќе го третира проблемот кој е отворен од нивна страна. Ако веќе се нарекуваме пријателски, соседски, па дури и братски народи, тогаш сметам дека братот на братот не му става сопки на патот на просперитет”, додава Димитриевски.

    Во однос на поддршката за Македонија од страна на Германија, според Димитриевски, Германија е еден од најсериозните партнери на Македонија кои ги има во меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД. Впрочем и стоковата размена помеѓу Македонија и Германија е исто така висока, а Македонија има суштинско партнерство и видлива поддршка во јавноста.

    (С.Н.)