Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје(ЦЈЗ) во Куманово нема регистрирани нови случаи на ковид-19. Во дневната статистика заведен е само еден оздравен пациент. Досега во Куманово регистрирани се 8872 заразени, а активни се 49 случаи.
На ниво на државата во последните 24 часа направени се 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на ковид-19. По градови од:Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.