Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните кои што поседуваат општествени станови имаат рок до 31 март годинава да поднесат барање за нивен откуп.
Во општината Куманово на откуп чекаат 54 општествени станови и еден во Старо Нагоричане.
Барањата се поднесуваат во Министерството за транспорт и врски, и засега одзивот е добар.
“Согласно новиот Закон за домување даден е рок до 31 март 2015 година да се поднесат барања за откуп на општествени станови. Се поднесуваат нови барања, но и се комплетираат старите барања кои биле поднесени во претходниот рок до 31 декември 2010 година, а не биле комплетни. Поголемиот дел на граѓани веќе имаат поднесено барања за откуп на овие станови“ - велат од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката подружница Куманово.
За сите нејаснотии околу процедурата, граѓаните можат да се обратат во просториите на улица “Моша Пијаде“ бр.14.